mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Монтирани ветерни фарми кај Никшиќ

Монтирани ветерни фарми кај Никшиќ

Типографија

На планинската висорамнина Крново кај Никшиќ се монтирани сите 26 електрани кои до мај идната година ќе произведуваат електрична енергија, соопштуваат од владата на Црна Гора.

Инвестицијата е повеќе од 140 милиони евра, а работите ги има изведено австриско-француска компанија. Генераторите не ветерниците се наоѓаат на висина од 85 метри, а тешки се поединечно повеќе од 83 тони.

Средствата за изградба на електраните се обезбедени од Европската бана за обнова и развој и Владата на Црна Гора. 

Ветерниците се поставени на надморска висина од 1.500 метри, а просечната брзина на ветерот на тоа подрачје е до 6,5 метри во секунда.  Ветерниците годишно ќе произведуваат до 230 гигавати електрична енергија.

До мај идната година ќе трае испитувањето на ветерниците, а тогаш ќе почнат и со редовно произведување на електрична енергија.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан