mksqen
22
Чет, Мај
0 Нови / 7 дена

Фотоволтаичната централа Габела е отворена во БиХ

Фотоволтаичната централа Габела е отворена во БиХ

Типографија

Компанијата „Сончевата енергија“ отвори фотоволтаична  централа во Габела во близина на Чапљина во Босна и Херцеговина.

Централата има 6.500 квадратни метри со фотоволтаични панели, со капацитет од 1 мегават и 1,5 гигават час на проценетото производство на електрична енергија на годишно ниво.

Вкупната површина од 16.800 квадратни метри и е изградена за три месеци, а инсталирани  се 3.800 фотоволтаични панели. Соларните панели се увезени од Германија.

Сопствениците инвестирале 1,4 милиони евра. Оперативниот период е 35 години, а инвестицијата треба да се врати за осум или девет години.

Се проценува дека со ова ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид за 1,3 тони годишно.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан