Норвешката Влада потврдила дека ја задржува забраната за барање наоѓалишта на нафта и на гас на островите на Арктикот, отфрлајќи ги информациите дека би можела да ја укине во пресрет на изборите во 2017 година.
Министерството за нафта и енергија испратило писма од сите нафтени компании информирајќи дека станувало збор за медиумски шпекулации, и дека забраната останува.
- За ова никогаш не станало збор - се вели во соопштението.
Гласините биле причина за протест во Осло претходно, на кој учествувале неколку стотини луѓе, барајќи да се задржи строгата заштита на животната средина.
- Мораме да се осигураме дека Арктикот ќе остане надвор од границите за експлоатација - рекол Трулс Гуловсен, претседател на норвешкиот огранок на Гринпис.