mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Франција прва во светот ќе издава зелени обврзници

Франција прва во светот ќе издава зелени обврзници

Типографија

Франција ќе биде првата држава во светот што ќе почне да емитува зелени обврзници, со цел да финансира еколошки инвестиции.

Овој финансиски инструмент досега бил резервиран за бизнис-секторот и за одделни институции, а сега првпат ќе го користи една држава. Ако пазарните услови го дозволуваат тоа, првата зелена обврзница ќе биде издадена следната година.

  • Франција ја потврдува својата позиција на движечка сила што стои зад Парискиот договор од декември 2016 година, со тоа што ќе биде прва земја што ќе емитува зелени обврзници - истакнале во заедничко соопштение министерката за животна средина Сеголен Роајал и министерот за финансии Мишел Сапен.

Сапен додал дека враќањето на француската држава на пазарот на обврзници ќе го забрза нејзиниот развој и ќе го направи Париз еден од водечките финансиски центри за поддршка на енергетската транзиција.

Соопштението на француските министри е потврда на тоа што претседателот Франсоа Оланд веќе го најави на еколошка конференција кон крајот на април. Неофицијално станува збор за сума од околу девет милијарди евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет