mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Туристите - „инвазивен вид“ во националните паркови

Туристите - „инвазивен вид“ во националните паркови

Типографија

Фотографијата на која се гледа како едно семејство му се прикрадува на крупен возрасен северен елен во националниот парк Јелоустоун во Соединетите американски држави, предизвика бурни реакции низ земјата.

На неа се гледа како туристот Џон Глисон со своите четири мали деца се обидуваат, прикриени во тревата, што повеќе да му се приближат на моќното животно. За нивна среќа, еленот ги слушнал и се оддалечил од местото пред семејството да се доближи премногу и да ризикува да биде нападнато.

Американската служба за национални паркови, која годинава прославува сто години од своето постоење, вели дека неодговорното однесување на туристите со животните е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат. Посетеноста на парковите, особено на Јелоустоун како најстар, урива рекорди, но тоа важи и за бројот на инцидентите. Луѓето редовно ги прекршувале правилата да одржуваат оддалеченост од најмалку 20 метри од живиот свет, па се обидуваат да направат „селфи“ со елените, бизоните, па дури и со волците и со гризли мечките.

Тоа не се случува само во Јелоустоун. Од Зачадените планини во Тенеси до Големиот кањон во Аризона, главните паркови се соочуваат со проблеми како недозволено кампување, вандализам, кражба на ресурси, како и со вознемирување на дивиот свет. Само во јули годинава биле регистрирани дури 11.000 инциденти во десетте најпосетени парковите во САД. Некои медиуми на шега ги нарекоа туристите „инвазивен вид во националните паркови“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет