mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Нигерските власти забранија извоз на магариња

Нигерските власти забранија извоз на магариња

Типографија

Властите во Нигер забранија извоз на магариња и предупредија на можна неконтролирана продажба најмногу во азиски држави.

  • Бројот на магариња во Нигер ќе ќе биде десеткуван ако продолжи извозот - наведува владин претставник.

Кина увезува голем број магариња од Нигер и ја користи нивната кожа за производство на желатин за медицински тоници, афродизијаци и креми против стареење. Буркина Фасо во август исто така забрани извоз на магариња поради слични причини.

  • Од почетокот на годината извезени се повеќе од 80.000 магариња што е многу повеќе отколку лани, 27.000 - изјави Ате Иса, нигерски министер за сточен фонд.

Трговијата со магариња во Нигер станала толку профитабилна што сточарите занемаруваат одгледување други домашни животни. Владата забрани и убивање магариња.

Цената на магарињата скокна на 100 и 145 долари додека претходните години тоа животно во Нигер можеше да се купи за 34 долари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет