mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Кучиња во Танзанија намирисуваат шверц на слонова коска

Кучиња во Танзанија намирисуваат шверц на слонова коска

Типографија

Две кучиња им помагаат на танзаниските власти да го спречат шверцот на слонова коска, откако биле специјално дресирани за да можат да го намирисаат забранетиот товар за една минута.

Нивното дресирање било заеднички проект на танзаниските власти и на Друштвото за заштита на дивиот свет, како дел од проект да се намали ловокрадството во земјата.

Кучињата Џени и Декстер, кои се од различни раси, намирисале четири парчиња слонова коска на приватен имот, откако властите добиле информација од доушник. Персоналот прво не успеал да ги најде парчињата, но тие не можеле да се сокријат од носот на Џени. Таа и Декстер биле дресирани 18 месеци, прво во Велс, а потоа во Танзанија, во најголемиот национален парк на земјата, Руаха. Претходно било донесено уште едно куче, но тоа умрело од убод на мува це-це.

Тим Давенпорт, директор на танзанискиот огранок на американската организација Друштво за заштита на дивиот свет, вели дека целта е да се донесат што повеќе кучиња и да се постават на аеродромите и на пристаништата, за да може што повеќе да се спречи шверцот на слонова коска. Танзанија е една од земјите со најголема популација на слонови во Африка, поради што станала атрактивна дестинација за ловокрадците. Неодамна спроведен попис покажал дека за само пет години бројот на слоновите се намалил за дури 60 проценти и сега изнесува само околу 43.000.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет