mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Штетата од поплавите во Луизијана изнесува 8,7 милијарди долари

Штетата од поплавите во Луизијана изнесува 8,7 милијарди долари

Типографија

Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, изјави дека поплавите во неговата држава во август предизвикале штети за над 8,7 милијарди долари и дека сумата ќе се зголемува бидејќи сé уште трае проценката за разурнувањата на патиштата и другата јавна инфраструктура, пренесоа американските медиуми.

Канцеларијата на гувернерот вчера лиферуваше писмо кое тој му го испратил на претседателот Барак Обама, а во кое од Конгресот бара овој месец за Луизијана да се одобри федерална помош од две милијарди долари за обнова на станбените згради, економските објекти и инфраструктурата.

На 12 август бура ја зафати државата и ги донесе најголемите поплави во САД по супербурата Сенди, која во 2012 година го удри американсото источно крајбрежје.

Едвардс вели дека од сегашната стихија настрадале повеќе од 55.000 куќи. Лошото е што дури 80 проценти од сопствениците на куќите немаат осигурување и повеќето се луѓе со ниски и умерени примања, а 20 проценти се кираџии.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет