Новата гувернерка на градот Токио, Јурико Коике, го одложила планот за преместување на рибниот пазар, кој е најголем во светот и е едно од најзначајните обележја на градот.
Коике изјавила дека ќе ја донесесвојата одлука откако еколошката процена нановата локација ќе биде завршена во јануари. Претходно се планираше пазарот да се премести на почетокот на ноември.
Според планот, пазарот треба да се премести во местото Тојосу, близу токиското пристаниште, каде што порано се наоѓала станица за снабдување со природен гас. Се појавила загриженост дека земјиштето во тој реон е контаминирано. Затоа Коике, која е поранешна министерка за животна средина, рекла дека безбедноста на граѓаните мора да биде на прво место, бидејќи на тој пазар се продава свежа морска храна. Инаку пазарот треба да се премести од сегашната локација заради изградбата на нов пат за потребите на одржувањето на Олимписките игри во Токио во 2020 година.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS