mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Гром утепал 323 ирваси во Норвешка

Гром утепал 323 ирваси во Норвешка

Типографија

Вкупно 323 ирваси биле најдени мртви во Норвешка во јужниот регион Хардангервида,  соопштил Норвешкиот инспекторат за природа, пренесува норвешката новинска агенција. Од угинатите ирваси, 70 биле младенчиња.

Се претпоставува дека причината за смртта е удар од гром, и ако ова се покаже како точно, тоа би бил најсмртоносниот удар во историјата.

  • Сме слушнале дека животните гинат од удари од гром, но досега не сум слушнал да имало толку масовен помор. Не знаеме дали станува збор за еден или за повеќе удари. Тоа би било шпекулација - изјавил портпаролот на инспекторатот, Кнут Најленд.

Тој вели дека ирвасите обично се збиваат едни до други за да се заштитат, и дека е можно уште повеќе да се збиле поради невремето.

Според Гинисовата книга на рекорди, најсмртоносниот удар од гром за животните се случил во 2005 година, кога загинале 68 крави во Австралија, а најмногу човечки жртви имало во 1971 година, кога поради удар во перуански авион загинале 91 патник. Но Гинисовата книга не ги следи случаите со дивите животни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет