mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Тридневни силни врнежи го поплавија Канзас, нема жртви

Тридневни силни врнежи го поплавија Канзас, нема жртви

Типографија

Службите за итни интервенции на Канзас во американската сојузна држава Мисури морале да спроведат десетина спасувачки акции во поплавите што го поплавија градот по тридневни силни врнежи.

Луѓето ги оставале своите потопени автомобили на улиците и се обидувале да се спасат. Нема информации за жртви, ниту за повредени.

Освен што тешките врнежи го погодиле центарот на градот, и реките во околните рурални подрачја се излеале, соопшти американската Национална метеоролошка служба.

  • Во некои делови од градот за една вечер наврна повеќе дожд отколку во целото лето - рекол Ден Хоблицел од Националната метеоролошка служба.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет