mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Бостон гради стратегија како да не потоне во морето

Бостон гради стратегија како да не потоне во морето

Типографија

Американскиот град Бостон се очекува до крајот на векот да биде во голем дел под вода поради растот на нивото на морето, исто како и повеќе други делови од источното крајбрежје на САД. Поради тоа градот презема мерки и подготвува стратегија.

Главниот и најголем град на сојузната држава Масачусетс има голем број крајбрежни квартови кои се на многу ниска надморска височина, па се очекува многу често да се поплавуваат до 2100 година според прогнозите за растот на морското ниво поради климатските промени, кој се очекува да изнесува меѓу 1,2 до 2,1 метар. Поради ова, јужните делови на големиот пристанишен град мораат да се подготват уште отсега.

Затоа градоначалникот Марти Волш состави екипа од експерти наречена „Бостон подготвен за климатските промени“, и таа треба да проучи какви ефекти ќе има растот на морето и зачестеноста на бурите во Бостон. Врз основа на таа анализа ќе се предложат и стратегии за одговор, како на пример нови стандарди во градежништвото.

Градовите како Њујорк и Бостон веројатно ќе треба да изградат прегради за да се заштитат од морето, а зградите во некои области ќе треба да се изградат на повисоко ниво. Експертите ќе подготват и предлози за т.н. пасивни решенија, како на пример улици што пропуштаат вода.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет