mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Мразот во Арктикот секоја година се` повеќе се топи

Мразот во Арктикот секоја година се` повеќе се топи

Типографија

Топењето на мразот во и околу Арктичкиот Океан годинава покажува рапидно зголемување и рекордно ниска висина на нивото на мразот, објави НАСА, нарекувајќи го сево ова - „нова нормала“.

  • Ледената санта не навестува подобрување на состојбата во иднина. Напротив, таа и понатаму ќе се влошува. Само што, тоа не е така екстремно како во минатото. Денес ние на некој начин се навикнавме на тоа намалување на нивото, тоа е новата „нормала“ - изјави Волт Мејер, експерт за морски ледени површини од НАСА.

До 31 мај, висината на мразот кај Баренцовото и Карското Море беше пропорционално споредлива со онаа измерена во јуни, благодарение на погодните временски услови. Но, намалувањето во август е далеку над просекот за тој период од годината, нагласуваат стручни лица.

  • Годинешните состојби најубаво прикажуваат колку се важни летните временски фактори, особено во јуни и јули кога денот над Арктикот трае 24 часа. Ако атмосферските услови се погодни, кружното и постепено топење ќе се одвива нормално, но ако не се, тоа ќе варира - додаде Мејер.

Научниците постојано ги следат состојбите околу Северниот пол и дебелината на големата санта, но вселенската агенција НАСА тоа го прави и од орбитата. Во 2018 ќе биде лансиран сателитот „Елевејшн Сателајт 2“ кој со помош на ласер ќе ја одредува висината на копнените и длабочината на морските површини.

  • Имаме добар увид во промените кај Арктичката Ледена Санта, но моментно не знаеме колку е тенка. Нашите сателити не се оспособени да обезбедат прецизни и целосни податоци од таков вид - рече Торстен Маркус, експерт за атмосферски појави.

„Елевејшн Сателајт 2“ би требало да ги обезбеди таквите информации, за дебелината на Сантата, топењето, намалувањето, варирањето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет