Жестока дебата се води во Австралија во врска со нуклеарната иднина на земјата. Главната линија на поделба меѓу желбата за брз економски раст и реакцијата против долгорочното зафаќање на земјиште каде што Абориџините живееле 50.000 години.
Издадена била студија според која е проценето дека Јужна Австралија може да има голем профит ако складира отпад од нуклеарни реактори од други држави, длабоко под земјата, на локација што дополнително ќе биде утврдена.
И додека овој предлог се става пред „судот на граѓаните“, владата веќе спроведува план да направи магацин за складирање помалку токсичен отпад, од домашната индустрија и медицина.
- Ова за мене е како смртна казна - вели 73-годишната Енис Марш која припаѓа на Абориџинските народи, од зафрлениот град Хокер.