mksqen

И „Харли Дејвидсон“ ќе плаќа казна за загадување

И „Харли Дејвидсон“ ќе плаќа казна за загадување

Типографија

Култниот производител на моторцикли „Харли Дејвидсон“ се согласил да плати казна од 12 милиони долари и да престане со продажбата на уредите што предизвикуваат моторциклите да испуштаат поголеми количества гасови од дозволените, соопшти американското министерство за правда.

Спогодбата доаѓа откако владата ја обвини компанијата дека продала околу 340 илјади супер-тјунери, со кои нивните возила загадувале повеќе од пропишаните граници од Агенцијата за заштита на околината на САД. „Харли“ не ја признаа вината и излезе со соопштение дека не се согласува со позициите на Владата. Компанијата сепак смета дека со добра волја била постигната спогодба со Владата, во врска со законско решение што може различно да се толкува.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет