mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Тајфун во Јапонија ги запре возовите и ги приземји авионите

Тајфун во Јапонија ги запре возовите и ги приземји авионите

Типографија

Тајфунот Омаис минатата ноќ ги погоди северноисточните и централните делови на Јапонија.

Поради тајфунот се откажани летовите и запрени се брзите возови кои се движат меѓу перифериите Фукушима и Јамагата.

Исто така, поради поројните дождови неколку патишта во префектурата Фукушима се под вода,  и нарушени се бродските врски меѓу островите Хокаидо и Хоншу.

Сега тајфунот е над северноисточните префектури Ивате и Мијаги. Според прогнозата во вечерните часови тој ќе стигне до крајбрежјето на Хокаидо

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет