Шведска подготвува предлог-забрана за увоз на живи јастози во Европската унија, бидејќи во водите на оваа држава биле најдени 32 американски јастози.
Ова барање Швеѓаните го иницирале и претходно годинава, и може да дојде на дневен ред и во Светската трговска организација. Владата на САД ја информирала Европската унија дека шведскиот предлог нема научна основа, а научници од САД и од Канада бараат одговори од шведските власти во што точно е проблемот.
Властите на Шведска кон крајот на јули одговориле дека имаат право да бидат внимателни во врска со присуството на туѓи животински видови во своите води, да стравуваат од можно пренесување болести врз домашните морски видови, како и дека се загрижени од можноста американските јастози да го потиснат својот поситен европски роднина.
Американската држава Мејн, која е најголем производител на јастози во САД, соопштила дека ќе вложи жалба до Светската трговска организација, ако ЕУ застане на страната на Шведска. Се очекува Научниот форум на ЕУ за инвазивни туѓи видови, да даде своја оцена за барањето на Шведска кон крајот на август.
Извозот на јастози од САД и од Канада достигнува до 200 милиони долари годишно.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS