mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Земјотрес во Фукушима, нема поголема опасност

Земјотрес во Фукушима, нема поголема опасност

Типографија

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала, денејска ја погоди морската област во близина на брегот на јапонската префектура Фукушима, соопшти денеска Американскиот геолошки институт.

Земјотресот бил на длабочина од околу 28 километри под дното на Тихиот Океан, но нема опасност од појава на цунами, а се` уште не е пријавена ниту материјална штета, информира Јапонската метеоролошка агенција.

Нуклеарната централа во Фукушима, што беше оштетена во земјотресот од 2011 година и цунамито што следеше, по овој потрес не покажува знаци на засилена радијација.

Јапонија лежи на крстосница од четири тектонски плочи заради што се соочува со чести земјотреси, па затоа се воведени строги закони за градба и нивна примена. Поради ова потресите често пати нанесуваат многу мала штета врз објектите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет