Силните дождови што ги зафатија американските држави Луизијана и Мисисипи предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку две лица, други две се повредени, а дел од населението мораше да се евакуира, соопштиле тамошните власти. Гувернерот на Луизијана Бел Едвардс поради невремето прогласил вонредна состојба и наредил да се затворат училиштата, владините објекти и многу патишта. Американската Национална метеоролошка служба продолжува внимателно да ја следи состојбата во јужните делови од овие две држави, вклучувајќи го и градот Њу Орлеанс.
Телото на 68-годишен жител на Луизијана било најдено кај градот Бејкер. Тој се удавил додека се обидувал да се евакуира. Во северниот дел на Луизијана било најдено уште едно, неидентификувано тело, во возило што водата го истуркала од автопатот кај градот Гринзберг.
Овие две држави беа погодени од невреме и пред пет месеци, кога загинаа четири лица.
Најмалку две жртви во новото невреме во САД
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање