mksqen
08
Нед, Јун
0 Нови / 7 дена

„Вашингтон пост“: Глобалното затоплување е најава за пеколот на земјата

„Вашингтон пост“: Глобалното затоплување е најава за пеколот на земјата

Типографија

Рекордните температури забележени годинава во земјите од Мароко до Саудиска Арабија можат да бидат само најава за вистинскиот „пекол на земјата“ што допрва доаѓа, предупредуваат стручњаците за климатологија.

Како што пишува весникот „Вашингтон пост“, во децениите што следат Блискиот исток ќе биде погоден од екстремен недостиг на вода и температури што ќе биде речиси невозожно да се преживеат.

Доколку тоа се случи, судирите и бегалските кризи ќе бидат многу потешки од оние на кои сме сведоци денеска, рече високиот советник на ОН за арапските земји, Адел Абделатиф, кој со години наназад го проучува влијанието на климатските промени на Блискиот исток.

Во Обединетите Арапски Емирати и во Ирак оваа лето се забележени рекордни топлотни индекси (величина што се пресметува врз основа на температурата на воздухот и неговата релативна влажност), додека и во околината се утврдени досега невидени температури од кога постојат мерења.

Во Џеда (во Саудиска Арабија) се измерени 52 степени, во Басра (во Ирак) 54, колку и во кувајтскиот Митрибах. Овие мерења ги потврди и Светската метеоролошка организација, со што и официјално се соборени рекордите во источната хемисфера.

До 2090 година во Персискиот Залив ќе биде претопло за живеење.

Поради жештините, локалните влади веќе сега прогласија задолжителни официјални празници. И покрај тоа, огромен број вработени заминуваат на работа бидејќи единствено таму имаат клима уреди. Во текот на денот улиците на главните градови се целосно празни, а заради врелините жителите со часови немаат струја.

Обединетите нации предвидуваат дека вкупниот број жители во 22 арапски земји до 2050 година може да нарасне за дури 600 милиони, што дополнително ќе ја проблематизира и онака претешката ситуација.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет