Полицијата во Осло денеска ги повика возачите на автомобили да не излегуваат со возилата откако поројни дождови и ненадејни поплави го нарушија одвивањето на патниот и железничкиот сообраќај во норвешката престолнина.
Силниот дожд кој денеска го погоди југоисточниот дел на Норвешка ги натера властите да го затворат главниот тунел и делови од автопатот во правец кон и од Осло, каде автомобили се заглавени во вода.
Медиумите соопштуваат и за поплавени куќи и продавници во трговскиот центар „Сандвик“, кој е затворен откако беше поплавен.
Полицијата по пат на Твитер предупреди дека потоците и реките би можеле да се излеат од своите корита.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS