mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

По смртта на еден лебед, нови правила во САД

По смртта на еден лебед, нови правила во САД

Типографија

Неколку месеци откако ловочувари во САД усмртиле еден омилен лебед затоа што нападнал луѓе, американската сојузна држава Конетикат презема чекори за подобро да ја информира јавноста за гнездењето на овие птици, за граѓаните сосема да ги избегнуваат.

Властите со помош на социјалните мрежи ќе ги известуваат граѓаните каде се наоѓаат гнездата, за тие да не им се приближуваат, бидејќи црвеноклуните лебеди ги бранат.

Утврден е и нов протокол за тоа во кои случаи може да се евтаназира лебед, кога е неизлечиво болен или кога се смета за опасен. Тоа доаѓа откако на 20 април во местото Килингли во руралниот дел на Конетикат беше евтаназиран лебед, кој со својата женка со години живеел во езерото Фајв Мајл Понд, и им бил омилен на локалните жители. Оттогаш тие поднеле петиција да се истражи случајот, да се отпуштат вработените и да се преиспита неопходноста од евтаназијата. Рик Џејкобсон, директор на Управата за дивеч, тврди дека постапката со тој лебед била исправна, бидејќи во ист ден нападнал двајца кајакари и превртел две кануа, а веслачите одвај се спасиле со пливање. Од друга страна, претседателката на друштвото за заштита на животните Присила Ферал, смета дека тоа не е доволна причина да се убие птицата.

  • Не мислам дека лебедот заслужил да умре затоа што некој му го загрозил гнездото - рекла таа.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет