Мултиетничките општества се во опасност од вооружени конфликти предизвикани од временски непогоди како топлотни бранови и суши, кои што може да станат посилни поради глобалното затоплување, сметаат научниците. Од 1980 година, вкупно 23 проценти од судирите во етнички мешани средини, вклучувајќи ги и Авганистан и Сомалија, се случиле во месеци кога имало суши или многу високи температури, покажало нивното истражување.
За разлика од тоа, само девет проценти од конфликтите во светот вкупно се поклопиле со овој тип временски непогоди. Тоа води кон заклучок дека во државите нестабилни меѓуетнички односи се поранливи на глобалното затоплување.
- Нашите резултати укажуваат дека природните катастрофи може да ја одиграат улогата на засилувач на конфликтите во регионите каде што тие се чести - објавија овие научници.
Според еден од авторите, Ханс Јоаким Шелнхубер од Институтот за климатски влијанија од Потсдам, нивното истражување покажало дека е уште поважно да се вложува во намалување на емисиите на стакленички гасови како обид да се ограничи глобалното затоплување.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS