mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Се подготвува договор за ограничување стакленички гасови

Се подготвува договор за ограничување стакленички гасови

Типографија

Постојат големи шанси да се постигне договор за ограничување на употребата на хидро-флуор-јаглероди, гасови што имаат силно влијание врз ефектот на стаклена градина, и кои се користат во аеросолите, ладилниците и во климатизерите, соопштиле делегатите на преговорите во Виена кои се одвиваат веќе десет дена.

Конечниот договор треба да се потпише во октомври во главниот град на Руанда, Кигали. Ако се случи тоа, ова ќе биде најголемата поединечна мерка за ограничување на глобалното затоплување согласно договорот од Париз минатата година. На преговорите во Виена, претставниците на речиси 200 држави покажале подготвеност да го потпишат договорот, но се договараат деталите и роковниците за да се исфрли употреата на овие материи.

  • Во Виена се постигна основна согласност за политички договор за одржливо ограничување на употребата на гасови што штетно влијаат врз климата - изјавил австрискиот министер за животна средина Андре Руперхтер.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет