mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Сончевата енергија ќе стане најевтина насекаде во светот

Сончевата енергија ќе стане најевтина насекаде во светот

Типографија

Сончевата енергија е веќе најевтин начин да се добие електрична енергија во поголемиот дел од тропските региони, пишува авторот Крис Гудал во својата најнова книга.

Во споредба со раните 1970 години, трошоците за нејзиното производство се намалиле за 99,7 отсто. Но, како што вели Годал во книгата насловена „Пресврт“, наскоро таа ќе биде најевтина за производство насекаде во светот, обезбедувајќи чист, безбеден и евтин извор на енергија за целото население.

  • Кон крајот на минатата година, генералниот директор на „Шел“ Бен ван Бурден даде една забелешка која не предизвика многу внимание. Тој рече дека соларната енергија ќе стане доминантниот столб на светскиот енергетски систем. Не откри датум кога ќе се исполни неговото предвидување, ниту објасни што поточно значи тоа „доминантен“. Но призна дека сонцето ќе биде најевтин извор на енергија за речиси целиот свет. Тоа е темата на мојата книга. Колку долго ќе ни биде потребно целосно да ги отфрлиме фосилните горива следејќи го само слободниот пазар, без принуди од владите, како и кои технологии ќе ни бидат потребни за тоа - вели Годал.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет