Новите набљудувања покажале дека делови од Големиот корален гребен во океанот близу Австралија имаат целосно уништени екосистеми, пренесува „Гардијан“.
Истражувачите известиле дека има сериозен недостиг од риби, а коралите продолжиле да побелуваат дури и во зимскиот период, во најтешко погодените делови.
- Најшокантното нешто беше тоа што немаше риби. Генерално, сега видовме помалку од 50 отсто од тоа што обично го гледаме таму. Некои видови воопшто не ги сретнавме - изјавил Џастин Маршал од Универзитетот во Квинсленд, и главен истражувач на граѓанската научна програма Корал воч.
Маршал поминал една недела истражувајќи ги гребените околу островот Лизард.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS