mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

ОН: Вратете им ги шумите на домородците, за да ги заштитите

ОН: Вратете им ги шумите на домородците, за да ги заштитите

Типографија

Домородното население подобро се грижи за шумите отколку владите на државите, и тоа треба да биде искористено како дел од стратегијата за заштита, изјавила Викторија Таули-Корпуз, специјална известувачка на Обединетите нации за правата на домородците.

Тинк-тенк органзиацијата „Светски институт за ресурси“ проценила дека домородните заедници полагаат право на две третини од територијата на светот, но имаат законски призната контрола на само десет проценти. Голем дел од нивната земја била одземена за развојни проекти, како за шумарската индустрија, или за плантажи за пламино масло.

  • Светот мисли дека домородците не треба да ја добијат земјата што ја бараат, затоа што таа треба да се користи за производство на храна. Но ако им се даде, тоа ќе биде гаранција дека шумите ќе опстанат, а тие не само што го собираат јаглерод-диоксидот, туку и придонесуваат за поголема безбедност на производството на храна - изјавила Таули-Корпуз.

Таа го посочила примерот со Филипините, каде што имало огромни разлики во зачуваноста на шумите во регионите каде што им биле признати правата на домородците да управуваат со својата земја, и преостанатата територија на земјата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет