Работници и волонтери собрале четири тони ѓубре од северната, кинеска страна на Монт Еверест.
Локалната влада на Тибет организирала станици за селектирање, ециклирање и уништување на ѓубрето, кое вклучува конзерви, пластични ќеси, шатори, боци со кислород и друга опрема за планинарење.
Операцијата за чистење најмногу е насочена на стазите и местата за поставување на кампови на надморска висина од околу 5.200 и 6.500 метри.
Делови од Еверест се наоѓаат во Кина и Непал. Секоја година околу 60 илјади планинари и водичи ја посетуваат кинеската страна на планината.