mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Туристи здебелиле мајмун, па сега тој мора да држи диета

Туристи здебелиле мајмун, па сега тој мора да држи диета

Типографија

Масни е долгоопашест макаки мајмун кој е вистинска атракција во Бангкок.

Но, тој е и вистински зависник од брзата храна, па наскоро ќе мора да биде ставен на строг режим на исхрана и физички активности.

Масни е миленик на туристите, па често ужива во остатоците од нивната храна како шејкови, слатка пченка и тропско овошје. Но, тој се „здебели“, па сега, поттикнат од самите фанови, тој мора да трча.

  • Се здебели, оти јадеше се што му доаѓаше при рака. Не е болен, но му треба наша помош. Тој сака да јаде, а таму каде има многу туристи, на кои им е миленик, го хранат уште повеќе - вели еден локален туристички водич.

Тајланд е дом на илјадници диви мајмуни, меѓу кои најбројни се макаките и гибоните, што често се сретнуваат и во урбаните населби, каде доаѓаат барајќи храна.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет