Африканските слонови се цицачи кои можеби најкратко спијат, односно само два часа, покажуваат резултатите од новите истражувања .
- Поголемиот дел од сонот, слоновите го поминуваат на нозе. Тие легнуваат само еднаш во три до четири дена. Тешко е континуирано да се следи нивната активност, особено ноќе, па најмногу сознанија научниците добиваат изучувајќи ги слоновите во заробеништво - рече Пол Мангер, невролог кој се занимава со истражување на мозокот на Универзитетот „Витс“ во Јоханесбург.
Во зоолошките градини и во затворени простории тие спијат од три до речиси седум часа во 24 часа. Истражувањето спроведено со помош на електронски надзор во дивината се покажа дека слоновите во природни услови поинаку се однесуваат, па спијат само околу два часа. Ренџерите кои ги посетуваат африканските слонови тоа го потврдуваат.
Пол Мангер и неговите соработници вградиле во два слона во јужноафриканскиот Национален парк „Чобе“ мали имплантати, апарати за следење. Кога апаратите не регистирале движење подолго од пет минути, се толкувало дека слоновите спијат.
Женските слонови електронски се следени еден месец и се покажа дека за тоа време спиеле само околу два часа дневно. Апаратите покажале дека постојат периоди кога слоновите не спијат и по 46 часа. Тоа се објаснува со тоа што тие се внимателни поради близина на предатор или слон-мажјак, додека животните во заробеништво не се сретнуваат со такви видови на опасности.
Новите откритија не се вклопуваат со верувањето дека на животните им треба сон за да ја обноват нивната меморија. Слоновите не се сметаат за животни кои забораават, напротив, студиите покажуват дека имаат долго помнење. Досега се верувало дека коњите водат рекорд во краткото спиење.
- На нив им е доволно нешто помалку од три часа, рече Пол Мангер.
Новите податоци потврдуваат дека на поголемите животни им треба помалку сон, а на помалите повеќе. Некои лилјаци, на пример, спијат околу осумнаесет часа дневно.
Научниците сега се обидуваат да ги поврзат податоците за должината на сонот со големината на животните, па веројатно на поголемите животни им е потребно подолго време да останат во будна состојба за да се нахранат и го одржат нивното масовно тело.