Изградбата на автопат во предградието на Чикаго привремено е стопирана затоа што тоа би можело негативно да влијае врз врста на бумбари кои живеат во оваа околина, а кои се во категоријата загрозени видови.
Судијата Шерон Џонсон Колман наредила стопирање на изградбата на делницата од патот во должина од 10 километри најмалку до 25 април додека да се провери како тоа ќе влијае на живеалиштата на новиот, заштитен статус на бумбарот со ленти.
Овој бумбар кој е ендемски во Северна Америка минатиот месец е додаден на листата на загрозени видови.