mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Рекордно производство на обновлива енергија во Германија

Рекордно производство на обновлива енергија во Германија

Типографија

Минатиот месец Германија произвела 19,5 теравати или 41 отсто од вкупните потреби од обновливи извори што е рекордно производство на овој вид енергија.

Ова го истакнуваат од проектот „Климатеактион“ кој што е дел од програмата за екологија на Обединетие Нации (УНЕП). Само од ветерници, на 18 март, Германија произвела 38,5 гигавати електрична енергија од ветер што е апсолутен рекорд во земјата.

Високото ниво на електрична енергија од обновливи извори се должи на зголемено производство на струја од ветерници и соларни панели, по што следува биомасата како гориво. Наспроти обновливите извори кај нуклеарната енергија има пад на производството иако од 2015 година не е затворена ниту една нуклеарната централа.

Информацијата за рекордно производство на електрична енергија од обновливи извори е објавена по вестите дека Германија планира дел од термоелектраните на јаглен да ги замени со батерии кои ќе се полнат со енергија од обновливи извори а кои ќе можат да ги задоволат потребите за струја на над 400 илјади семејства.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет