Научинци на Филипини имаат пронајдено жив примерок на редок џиновски бродски црв.
Деталите за суштеството кое може да достигне и до 1,5 метри должина и шест сантиметри во пречник се објавени во американско научно списание.
Џиновскиот бродски црв живее во тврда лушпа од калциум карбонат во кал од кој и се храни.
Овој црв припаѓа на групата школки. Досега ниту еден жив примерок на оваа ретка врста на џиновски бродски црв не е проучуван.