Јемен се приближува до „точка на пукање“ со околу девет милиони луѓе на раб на глад, соопшти Светската програма за храна, огранок на ОН за храна и земјоделие.
Тие наведуваат дека се зголемува помошта во храна за Јемен за да се избори со една од најголемите кризи. Според директорот на Светската програма за храна во Јемен, Стивен Андерсон, околу 3,3 милиони луѓе меѓу кои и 2,1 милиони деца се практично неухранети.
- Ситуаицјата во Јемен се ближи до точка на пукање со несогледливо ниво на глад и несигурност во поглед на храна. Милиони луѓе веќе не можат да издржат без итна помош во храна. Во трка сме со времето да сочуваме животи и да спречиме целосна глад во државата - наведува Андерсон во соопштение.
Новата итна операција за испраќање храна за Јемен ќе чини 1,2 милијарди долари.