Ризикот од масовно умирање од глад во четири африкански држави - во североисточниот дел на Нигерија, во Сомалија, во Јужен Судан и во Јемен рапидно се зголемува поради сушата и судирите, соопшти УНХЦР.
- Го зголемиваме нивото на алармот од ризикот за масовно умирање од глад на Рогот на Африка, во Јемен и во Нигерија - изјави портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс.
Тој посочи дека е регистриран пораст на раселените лица.
- Поради недостиг на пари во фондовите и достапноста на храна, хуманитарна криза на тие простори можно е да биде полоша отколку во 2011 година кога 260.000 луѓе починаа од глад на Рогот на Африка - посочи Едвардс.