mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Истрага за уништување на шумите против најголемата бразилска месна индустрија

Истрага за уништување на шумите против најголемата бразилска месна индустрија

Типографија

Најголемата компанија за дистрибуција на месо во Бразил и во светот, Џи-Би-Ес, со години купувала крави што биле одгледувани на земја што незаконски била обесшумувана, и знаела за тоа, обвини бразилската агенција за заштита на околината. Со тоа, според агенцијата, компанијата свесно ги прекршила регулативите со кои се штити амазонската дождовна шума.

Ова е втор скандал со кој се соочува Џи-Би-Ес, откако полицијата отвори истрага дека оваа и други компании од месната индустрија подмитувале санитарни инспектори за да не одговараат за наводните лоши услови во производството. Тие ги демантирале обвинувањата и ги уверувале купувачите дека нивните производи исполнуваат ригорозни стандарди за квалитет.

Агенцијата за заштита на околината ИБАМА наредила да се затворат две фабрики за пакување месо на Џи-Би-Ес и уште 13 други фабрики во југозападната држава Пара, затоа што купувале крави одгледани на пасишта што биле создадени со незаконско сечење и горење на шумите. Ако обвинувањата се точни, компаниите можеда добијат казни од 7,7 милиони долари.

Џи-Би-Ес ги отфрли и обвинувањата дека купувала крави одгледани на земјиште што е забрането според ИБАМА, а федерален судија ги прифати жалбите на компанијата и дозволи двее нејзини фабрики да продолжат да работат. Агенцијата се жали на оваа одлука.

Бразилските власти подолго време тврдат дека одгледувањето крупен добиток повеќе придонесува за уништување на амазонските прашуми од која било друга активност. Оваа дождовна шума, која е најголема во светот, се смета за најдобриот природен бедем против глобалното затоплување.

Според ИБАМА, компанијата Џи-БИ-Ес купила 49.438 говеда одгледани на нелегално земјиште меѓу 2013 и 2016 година, од кои половината директно биле набавени од забранети земјишта,  а преостанатите преку трансакции во три чекори за да се прикрие изворот.

  • Точно знаеле што прават. Потврдивме дека ова се случувало во 2013 година и продолжило да се случува до 2016 година - вели Хиндемберг Круз, извршен менаџер на ИБАМА во областа Мараба, дел од државата Пара каде што шумите биле многу оштетени.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет