Силен земјотрес, според прелиминарните информации, со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, го погоди реонот бизу до Командорските острови.
Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 7 степени според Рихтер.
Епицентарот бил на длабочина од околу 33 километри.
Според Хавајскиот центар за предупредување, нема опасност од цунами.
Руските сеизмолози наведоа дека земјотресот се случил во водите на Тихиот Океан, покрај островот Камчатка и бил со јачина од 6,7 степени според Рухтеровата скала.
Како епицентар е посочен регионот што се наоѓа на 85 километри од населбата Уст Камчатск.
Нема податоци за материјална штета или жртви.