mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Циклонот Деби ја зафати Австралија

Циклонот Деби ја зафати Австралија

Типографија

Силниот циклон од четврта категорија наречен Деби, ги оштети покривите и електричните водови на островот Витсандеј, движејќи се кон северниот брег на Австралија. 

Забележани се налети на ветрови со брзина и до 250 километри на час и обилни дождови во Квинсленд, соопшти Австралиското биро за меторологија. 

Заменикот-комесар на австралиската полиција Стефан Голшевски изјави дека извештаите за штетите се уште пристигнуваат. 

  • Добиваме информации за оштетени покриви, вклучително и на нашите згради во Витсандеј - нагласи Голошевски. 

Тој ги предупреди жителите од местата каде што се движи циклонот дека ќе бидат заробени во нивните домови и оти се очекуваат големи поплави. 

Претставник на островот Витсандеј наведе дека 10 илјади домови се останати без електрична енергија. 

  • Циклонот го зафаќа целиот регион, не само островот. Јачината на циклонот, за жал, допрва ќе ја почувствуваме - објасни тој.

Вчера, илјадници лица беа евакуирани од крајбрежната линија, каде се очекува да биде најголема силата на циклонот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет