Шест ученици од средно училиште се пронајдени мртви, а тројца се повредени, откако ги затрупа лавина додека планинареле на планина во градот Насу, во префектурата Точиги, на 120 километри од Токио.
Според дел од јапонските медиуми, во лавината животот го изгубиле и двајца наставници.
Властите во префектурата Точиги информираа дека околу 50 ученици и 11 наставници од седум средни училишта биле на планинарење.