mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Холанѓани прават кожа од фрлено овошје

Холанѓани прават кожа од фрлено овошје

Типографија

Шестмина 20 годишни момчиња од Холандија, студенти на академијата Вилем де Кунинг, решаваат еден од најголемите социјални проблеми во Јужна Холандија - исфрлање на храна во големи количини. Тие развиваат сопствена технологија за изработка на „овошна кожа“ од исфрлање на овошје и зеленчук.

Тие од прозорците на академијата набљудувале како редовно завршуваат пазарните денови на плоштадот Бинероте во Ротердам секој вторник и сабота.

  • Гледаме како на крајот на денот плоштадот буквално се покрива со купишта овошје и зеленчук, оставени од трговците. Наша желба е да помогнеме за неговото решавање - велат момчињата.

Тие почнале со студија како што се прави, со тези.

Дневно само на градскиот пазар во Ротердам продавачите остават на место околу 3.500 килограми овошје и зеленчук. Трговците треба да плаќаат 12 центи, за да се ослободат од овој отпад, но многу од нив го оставаат нелегално, за да заштедат средства и време за нивното правилно исфрлање.

  • Можеме да им понудиме друга алтернатива за непотребните овошје и зеленчук - објаснуваат тие.

Така 20 годишните момчиња одлучуваат дека има смисла и развиваат сопствена технологија за изработка на „овошна кожа“ од исфрлање на овошје и зеленчук.

Двајца од групата студенти продолжиле и сега Хуго де Бун и Коен Меркерк се на 23 години, веќе се дизајнерско дуо под името „Fruitleather Rotterdam“. Тие се оддадени на страста да даваат нова форма и вредност на овошјето со етикета „непотребни“ и ја подобруваат технологијата за изработка на „овошна кожа“.

Кожниот материјал кој го добиваат е доволно квалитетен и здрав за изработката на чанти, облека, обувки, ентериер, автомобилски мебел и наскоро предизвикува интересот на значајни брендови во модата и автомобилската индустрија. Меѓу нив е и германска компанија која изработува седиштата на автомобилски брендови како BMW и Порше.

Прототиповите кои ги создала досега екипата се рачна торба, изработена од манго, шопинг торба од нектарини и абажур составен од кршени праски. Тие веќе имаат и дизајнерски стол од кожа, која наликува на крокодилска.

Иако бизнисот им се развива тоа во исто време им е основна движечка сила за да спасуваат „храна која не е ѓубре“, да понудат алтернатива на „природна кожа“, која практично повторно е природна, но не мора да се убиваат над еден милион животни годишно.

Во случајот со „Fruitleather“ Хуго и Коен ги земаат непотребните остатоци од овошје од продавачите на пазарот во Ротердам и користат главно манго, портокали, нектарини, банани, јаболка и јагоди.

Производствениот процес се чува во тајност, но откриваат четири основни чекори во технологијата.  Го собираат хранливиот отпад од штандовите на пазарот во Ротердам, ги вадат семките од плодот и потоа го туткаат останатиот плод. Потоа го прават во пире за да се елиминираат сите бактерии од плодот, што гарантира дека материјалот потоа нема да изгние.

Следната фаза е да се шири добиената смеса на „специјална површина“ која е од суштинска важност во процесот на сушење. Откако ќе биде исушена, суровината служи за производство на овошна кожа.

Добиената кожа, според нејзините креатори не се разликува како квалитет од животинската кожа, но е различна во зависност од видот на производот, од кој се прави.

  • Секој сантиметар е уникатен. Тоа е материјал со јасна структура и текстура, која се разликува според плодот кој се користи - објаснуваат креаторите.

Младите дизајнери во моментов развиваат нови чекори во процесот на производството, за да го подобрат квалитетот на материјалот, па и да ги задоволат потребите на специфични производи како мебел, облека, обувки. Екипата ја тестира цврстината на материјалот, нивото на водоотпорност и издржливост.

Овие млади луѓе имаат изработено и дизајнерски кожен стол - моделот „Wassily“ заедно со дизајнерот Јорди Вербаан и со него се претставуваат на холандската Design Week.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет