Над шестотини милиони луѓе во светот немаат пристап до вода за пиење, од кои повеќе од половина милијарда живеат во руралните области.
- Денес 663 милиони луѓе во светот се без вода за пиење и најголем дел од нив, околу 552 милиона живеат во рурални области - се наведува во извештај на „ВотерЕид“ по повод светскиот Ден на водата.
Папуа Нова Гвинеја, Мозамбик и Мадагаскар се меѓу државите кои се најмногу погодени од тој недостиг и меѓу 20 отсто од луѓето во светот каде најмногу влијаат климатските промени.
Шеесет и седум проценти од популацијата од руралните делови од Папуа Нова Гвинеја нема пристап до вода за пиење. Тоа се околу 4,4 милиони луѓе од вкупно 7,2 милиона жители на земјата.
Во Мадагаскар живеат 10,2 милиони жители во рурални области каде нема вода за пиење, од вкупно 22 милиона.
Во Мозамбик 11,5 милиони луѓе од 22,9 милиони немаат пристап до вода за пиење.
Држава со најголем процент на луѓе од рурални области кои немаат пристап до вода за пиење е Ангола - 71 отсто. Петтата најголема економска сила во Африка има популација од 22,8 милиони од кои 12,7 живеат во рурални области.