mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Минатата есен повеќе од два милиони птици се убиени на Кипар

Минатата есен повеќе од два милиони птици се убиени на Кипар

Типографија

На Кипар есента 2016 година убиени се 2,3 милиони птици од кои 800 илјади на територијата на една британска воена база.

Ова го објавија еколошките организации.

Криволовот е забранет на тој средоземен остров кое е место на големи миграции на птици. Многу птици се фаќаат во мрежи или на лепак на гранка и потоа од нив се прави пржено јадење „амбелопуја“ кое исто така е забрането да се прави. Дискретно понуден во некои ресторани чинија со десетина птици чини од 40 до 80 евра. Таа илегална трговина на годишно ниво е проценета на околу 15 милиони евра.

Криволовот минатата есен достигнал рекордно ниво, укажуваат од организацијата „ BirdLife“ од Кипар и британското Кралско друштво за заштита на птиците„РСПБ“.

Џонатан Хол од РСПБ ја повикал британската влада да стави крај на нелегалното убивање птици во британската воена база на југот од островот.

Најефикасниот начин да се спречи криволовот е да се исечат акациите кои ловците ги садат за да ги привлечат птиците, сметаат од невладините организации.

Британското Министерство за одбрана одговорило дека британската војска на островот се бори против „нелегалната трговија со птици“ нагласувајќи дека минатата година имаат рекорден број апсења, казни и одземање на опремата.    

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет