Чешка Зоолошка градина ќе ги исече роговите на речиси сите носорози за да ги заштити од евентуални напади од ловокрадците.
- Тоа го правиме за безбедноста на носорозите - велат од Зоолошката.
Одлуката доаѓа откако носорогот Винс беше пронајден мртов од чуварите во Зоолошката градина „Тоари“ во Франција. Едниот од роговите му бил отсечен од ловокрадците. Во Чешка со пила ќе бидат отстранети роговите на 18 од 21 носорог. Интервенцијата нема да се направи на трите мали носорози во Зоолошката.
Зоолошката градина „Двур Кралове“ е единствената во светот која успеала да одгледа бели носорози кои во 2009 година се пренесени на резерват во Кенија. Во моментов тие се единствените примероци на планетата од овој вид затоа што повеќето од нив се убиени од ловокрадците.