mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Што знае дрвото

Што знае дрвото

Типографија

Современата цивилизација често самозадоволно заклучува дека нејзината ултра моќна технологија може се. Сепак, дали доволно често мислиме за тоа што се може природата?

Проценката на експертите е дека најстарото дрво на светот има 9.550 години, се наоѓа во Шведска, каде со векови успешно живее и во себе собира време, настани и историја – воедно фасцинира и наведува на размислување за тоа исклучително живо битие.

  • Шумските стебла (и стеблата воопшто) поради долговечноста често оставаат впечаток на статичност и непроменливост. Меѓутоа, тие многу интензивно реагираат на секоја промена на условите на средината и на јасен, препознатлив начин го изразуваат тоа преку прирастот - истакнува Бранко Стајиќ, професор на Шумарскиот факултет во Белград.

Секое стебло во себе содржи многу информации кои ние можеме да ги прочитаме.

  • Тоа дрво може да ни раскаже приказни кои ниту еден друг човек и документ не можат да ги откријат - вели Марко Казимировиќ, асистент на Шумарски факултет.

Значајните карактеристики на секој жив организам, па и на шумските стебла и стеблата во урбаните градски услови, се растот и прирастот. Растот претставува неповратно зголемување на димензиите на организмот или некој негов дел, а во контекст на шумските стебла растот претставува исто зголемување на димензиите, т.н. елементи на раст: пречник, висина и зафатнина.

  • Прирастот е зголемување на димензиите на некој организам во текот на годините и претставува еден вид на биоиндикатор на реакции на сите стебла на разни ендогени и егзогени фактори - објаснува професорот Стајиќ.

Во нашите климатски услови стеблата растат така што секоја година создаваат по еден слој на дрво кое го нарекуваме прстен на прираст или ширина на год. Варирањето на прстените на прирастот и нивните големини оди од година до година и зависи од низа фактори.

  • Уште Леонардо кон крајот на 15 век констатираше, дека во рамки на поволните климатски години, ширината на прстените на прирастот е голема и обратно. Меѓутоа, на таа ширина влијаат и разни други фактори: староста, земјиштето, промените на просторот за раст, геолошката подлога - додава професорот.

Дрвото по својата билошка законитост може да расте од сто до неколку стотици години. Поради долговечноста шумските стебла претставуваат интересни записи за различните промени и реакции во минатото, за тоа како шемите и стеблата во урбаните градски средини реагираа на тие промени. Затоа често ги нарекуваме биолошки читанки, анамнеза, база на податоци, огледало на влијанијата на различните фактори.

Марко Казимировиќ објаснува дека стеблата како најстари живи организми во својот прираст ги таложат и снимаат сите информации и реакции поврзани со временските услови.

  • Со читањето т.е. екстракцијата на податоците од прстените на прирастот можеме да извршиме реконструкција на климата со векови наназад, па дури и со илјадници години - вели Казимировиќ. Посебно е интересно дека на тој начин можно е да се идентификува времето на големи земјотреси, вулкански ерупции и други промени со ерозивните процеси. Сето тоа што се случило околу дрвото, тоа што влијаело дрвото да реагира на одреден стимул, се одразило со промена на ширењето на прирастот т.е. годовите.

Марко истакнува дека, во археолошка смисла, можеме да извршиме и многу интересни датирања на градби кои се направени во далечното минато и тоа со преклопување на шаблони на тесни и широки годови.

  • Секое стебло претставува исклучително голема меморија, ако го преведеме во човечки облик, тоа е еден многу многу стар човек кој се што се случувало околу него успеал да го запамти и тоа некаде да го запише - додава Казимировиќ.

Истовремено, во стеблата на дрвјата постои цела низа на реакции со кои тие успеваат да ги преживеат разните климатски и други влијанија.

  • Постои нешто што е поврзано за генетска модификација на промените, така стеблото едноставно успева да надмине различни осцилации, а некогаш постои и она што се вика природен избор на единки - продолжува Марко.

Во тој контекст нашиот соговорник истакнува и денес многу изразената појава на сушење на голем број на стебла. Тоа е едноставно природен концепт со кој се врши избор на единки и на тој начин селекција. Капацитетот на дрвото, како еден од најзначајните елементи на животната средина, да учествува во пречистувањето на животната средина, во апсорпцијата на јаглен-двооксидот и складирањето на јаглеродот во стеблото, исклучително е голем. Тоа можеби е еден од најважните фактори со кој денес може да се намалат последиците од климатските услови.

  • Ние во последните децении се наоѓаме во фаза кога тие промени на климатските услови како зголемување на азотот и јаглерод-двооксидот, на некој начин поволно делувале на шумските екосистеми и тие реагирале така што ја зголемувале својата дрвена маса, па и ја зголемиле количината на јаглен-двооксидот и складирањето на јаглеродот во стеблото - истакнува професорот Стајиќ.

Што ќе се случува во иднина зависи од климатските прогнози, но и начинот на кој цивилизацијата ќе се однесува кон природата во целина и кон дрвото како фантастичен природен микропроцесор.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет