Поради тешка бура во Франција загинаа две лица, а 600 илјади домаќинства останаа без електрична енергија.
Еден возач загинал откако врз неговиот камион паднала голема гранка, а другото лице загинало откако врз неговиот автомобил паднало 20-метарско дрво.
На одредени места налетот на бурата достигнува до 193 километри на час.
Три млади лица се тешко повредени во западна Франција, а четири деца се полесно повредени во југозападниот град Грив при пад на покрив на училиште.