Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистириран во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја.
Геолошкиот институт на САД наведе дека за сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Не е објавено предупредување за појава на цунами.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 120 километри јужно од островот Бугенвиј.