mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Најголемиот природен резерват на Аљаска на мета на нафтената индустрија

Најголемиот природен резерват на Аљаска на мета на нафтената индустрија

Типографија

Американската сенаторка Лиса Мурковски бара да се отвори најголемиот резерват за диви животни на Аљаска за црпење нафта. Со тоа таа ја продолжува кампањата што ја водеше нејзиниот татко, поранешниот сенатор Френк Мурковски уште од 2001 година.

Станува збор за заштитена зона од околу 78 илјади квадратни километри, или трипати поголема од Македонија. Одлуката да се заштити ја донел претседателот Двајт Ајзенхауер уште во 1960 година, а во 1980-та година Конгресот на САД и ја проширил територијата. Но согледувајќи ги потенцијалите за црпење нафта, Конгресот исто така одлучил да отвори околу шест илјади квадратни километри на крајбрежјето за истражување за природни ресурси.

Доволна е само уште една одлука за да се овозможи влезот на дупчалките за нафта. Во 1995 година Конгресот донел таква одлука, но тогашниот претседател Бил Клинтон ставил вето на неа. Претходниот претседател Барак Обама барал и крајбрежјето повторно да се прогласи за заштитена зона. Но сега, со републиканско мнозинство во Конгресот и со Доналд Трамп на чело на државата, Мурковски верува дека е вистинско време да се донесе таква одлука.

  • Ако се прашувам јас, секое време е добро време да се отвори резерватот за дупчење - изјавила таа.

Заштитената зона е важна локација за размножување на поларните мечки, дивите говеда и на елените, а во неа се вселуваат и птици-преселници од цела Северна Америка. Тоа е природен резерват во вистинска смисла, без патишта, кампови, дури и без обележани патеки за движење. Луѓето ретко се движат во него, но ако се отвори за дупчење за нафта, ќе има голема човечка активност.

Организациите за заштита на животната средина, како и здруженијата на домородното население во Аљаска и во Канада најавуваат дека ќе се борат против оваа одлука. Повеќето други жители на Аљаска, пак, се залагаат да се отвори резерватот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет