Комисијата на Европскиот парламент (ЕП) остро ги критикуваше европските претставници и производители на автомобили, бидејќи тие не обезбедиле спроведување на Законот за издувни гасови од дизел моторите и најавија подобра контрола во иднина.
Комисијата на ЕП е основана во 2015 година по скандалот со вградувањето на лажен софтвер за мерење на емисија на издувни гасови во автомобилите.
- Еден од главните заклучоци е дека скандалот „Дизелгејт“ можел да биде избегнат ако членките на ЕУ и Европската комисија ги почитувале европските закони - вели членот на комисијата Гербер-Жан Гербренди.
Тој оценува дека посилна контрола во издавањето дозволи за видовите автомобили на европско ниво е единствен начин во иднина да се избегнат слични скандали.
Комисијата на ЕП претходно ги обвини Франција, Италија и Шпанија дека се обидуваат да го спречат воведувањето поостри тестови за мерење на издувни гасови.
Европратениците оценуваат дека е шокантно тоа што ситуацијата многу малку е променета кога станува збор за националните власти и преоизведувачите.