mksqen

Тројца загинати во невреме во САД

Тројца загинати во невреме во САД

Типографија

Најмалку три лица загинаа при налет на неколку торнада во државите од американскиот Среден Запад.

Како што јавија американските медиуми, овој метеоролошки феномен, кој е невообичаен за овој период од годината, предизвикал значителни материјални штети во државите Арканзас, Ајова, Индијана, Илиноис, Охајо, Кентаки, Тексас и Тенеси.

Еден човек загинал во градот Отава во Илинос, кога врз него паднало откорнато дрво од силниот ветер.

Во местото Кросвил, на околу 360 километри јужно од Отава, торнадо урнало куќа при што загинал еден 71-годишен маж, а неговата сопруга е повредена. 

Третата жртва загинала во округот Пери во државата Мисури, каде торнадо уништило над сто куќи и однело неколку возила.

Ветерот овозможил брзо ширење на неколку шумски пожари во Тексас, кои уништиле неколку станбени куќи.

Метеоролозите соопштија дека стихијата продолжила да се движи кон исток.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет