mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Бангладеш го отвори првиот склад за храна што струја добива од сончева енергија

Бангладеш го отвори првиот склад за храна што струја добива од сончева енергија

Типографија

Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина Вазед во северниот дел на земјата го отвори првиот склад за храна, што струја добива од сончевата енергија, а чиј капацитет е 25 илјади тони зрнести плодоци, пренесоа британските медиуми.

Модерниот, неколкукатен склад, е изграден со финансиска и техничка подддршка на Јапонија.

Во оваа земја, во која често пати доаѓа до природни несреќи, складовите за храна имаат исклучително значење за да се обезбеди производството од поплави и други штети.

Бангладеш е четвртиот по големина производител на ориз, но речиси целото негово производство е неменето за локалното население, кое брои 160 милиони лица. Земјата често пати има потреба од увоз за да се справи со недостигот, а кој најчесто се должи на природните несреќи, како поплавите или сушите.

Бангладеш годишно увезува околу 4,5 милиони тони пченица за да ги покрие своите растечки потреби, додека локалното производство стагнира на ниво од околу еден милион тона.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет